Раперот Дрејк ги повлече номинациите за наградите Греми

Канадската рап суперѕвезда Дреј ги повлече своите две номинации за годинешните доделување на најпрестижните музички награди Греми Grammy, а задружението на музичарите и музичките професионалци Recording Academy, која го организира доделувањето на наградите, го уважи неговото барање.

Дрејк беше номинира во категоријата најдобар рап албум за „Certified Lover Boy“ и за најдобра рап изведба за нумерата „Way 2 Sexy“. Засега преттавниците на Дрејк за медоимите не изнесоа никакво објаснување, а гласањето за најдобрите музички остварувања ќе продолжи со само четири кандидати, веројатно затоа што гласачките ливчиња веќе им се испратени на членовите на Recording Academy.

Дрејк, кој досега освои четири Греми, досега повеќепати доаѓаше во конфликт со организаторите на доделувањето на наградите. Пред една година изјави дека треба да бидат заменети „со нешто нови што ќе се пренесе на поколенијата кои доаѓаат“. Тоа го кажа откако организаторите не го монимираа канадскиот рапер Викнд во ниту една категорија за 2021 година, иако го имаше еден од најдобрите и еден од најдобрите синглови претходната 2020 година.

Истовремено на музичарот му се закануваат повеќе тужби поради оррганизацијата на рап-концертот „Astroworld Festival“, кој се одржуваше во ноември во Тексас, на кој во големиот метеж и стампедо животите ги загубија десет посетители.

Уште во 2017 година Дрејк одби да го пријави својот албум „More Life“ за Grammy 2018 во која и да е категорија, а огорченоста поради доделувањето на наградите таа година кулминираше следната откако Џеј-Зи не освои ниедна награда, иако беше номиниран во осум категории.

Во едно интервју од 2017-те година Дрејк рече дека за наградата го монимриал во раперска категорија само затоа што е црнец.

„Единствената категорија од која не можат да ме отстранат е рап категоријата, можеби затоа што во минатото репував или затоа што сум црнец“, изјави Дрејк за радиот Beats1 на компанијата „Apple“.

На доделувањето на Grammy 2019 Дрејк повторно изрази незадоволство, бидејќи на црнечките хип-хоп изведувачи не им го оддаваат заслугите.

„Ние се натпреваруваме во спорт кој се заснова н нечии ставови, а не во спорт кој се темели на факти“, рече Дрејк додека ја преземаше наградата за најдобра рап-песна „God’s Plan“.

„Ова е работа коај понекогаш зависи од мала група луѓе, коај можеби не сфаќа што ‘клинецот’ од мешана раса од Канада има да каже… И веќе сте победиле доколку постокјат луѓе кои вашите песни ги знаат од збор до збор, ако пеат во вашиот роден град. Веќе сте победници…, не не ви е потребно ова тука“, додаде музичарот.

И многу други врвни црнечки музичари, меши кои и Д’Викенд, Френк Оушн и Џеј-Зи, последните неколку години во заднината на растечката антирасистичка кампања во сите сфери, ги прогласија наградите Греми за неважни, особено истакнувајќи го „непрепознавањето на вредностиет на црнечките уметници“.

Веќе 64-та церемонија на доделувањето на наградите Греми е најавена за 31-ви јануари во Лос Анџелес.