
Во последниот дневен извештај во епидемијата на коронавирусот се регистрирани уште 14 жртви во Македонијата, осум од нив починале во последниве 24 часа во а уште 6 се од Регистарот на „Мој Термин“ од изминатите денови. Еден од починатите имал 101 година.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица: по две починати лица од Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г, а по едно починато лице од Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г), и Македонска Каменица (66г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години.
Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови.