Хонконшкиот универзитет ја објави во средата снимка направена со електронски микроскоп на новата омикрон варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2, се истакнува во соопштението до медиумите.
Научниците од хонконшкиот медицински факултет, меѓу кои и патолози и виролози, успеале да направат фотомикрографија на бубрежна клетка (Vero E6) кај мајмун по инфекција со омикрон варијантата на коронавирусот и ја снимиле со мало и големо зголемување.
При мало зголемување, како што објаснуваат во соопштението научниците, на фотомикрографијата се покажува оштетување на клетките со отечени везикули кои содржат мали црни вурисни честички. Фотомикрографијата со големо увеличување покажува агрегати на вирусните честички со коронални шилци на нивните површини.
Претходните денови беше објавено дека истражувачите од Катедрата за микромиологија при Хонконшкиот универзитет успеале да ја изолираат омикрон варијантата од клиничките примероци, што ќе овозможи производство на вакцини против новиот сој.
На 27-ми ноември италијанските научници ја претставија првата „фотографија“ на шилесиот протеин познат како „S-протеинот“ на омикрон варијантата на коронавирусот преку кој ги инфицира човечките клетки, која беше презентирана со шема направена во ватиканската болница „Исус Младенецот“ (Bambino Gesù).
„Оваа е ‘фотографија’ во пошироката смисла на зборот, односно станува збор за реконструкција направена во лабораторијата“, соопштија тогаш од болницата.
Таа снимка покажува протеини од два соја на вирусот, на која со црвена боја беа означени напроменетите области. Таа покажува дека ако делата варијантата имала околу 18 мутирани оаминосилениски остатоци, тогаш во новата варијанта ги има 43 од нив.
„Јасно се гледа дека варијантата омикрон има многу повеќе мутации отколку дела варијантата, и сапата посебе е веќе многу поразличнал Тие (разликите) првенствено се концентрирани во областа на протеинот која комуницира со човечките клетки“, појаснуваат научниците.
Тоа, се додава, значи дека вирусот се прилагодил на човечкиот вид, а дали притоа станал и поопасен траба да покажат натамошните истражувања.