Во тек е голема полициска акција во Скопје, запленети 200 килограми дрога

Во голема полициска акција денеска во Скопје, приведени се повеќе лица, а запленети се и околу 200 килограми марихуана.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат акцијата, која сè уште трае, а повеќе детали најавуваат за утре.