
Марко Ѓуровиќ од Подгорица е победник во натпреварот во излежување во етно-селото „Монтенегро“ во Брезни кај Плужин.
Тој поставил и нов рекорд – 35 часа излежување. За освоеното прво место Ѓуровиќ доби 300 евра награда.
Оваа година , освен домашните, за титулата на првак во излежување, се натпреваруваа и соседите. Така за титулата „џаболебарош“ се бореа 13 натпреварувачи од Црна Гора, Србија и Хрватска.
Правилата на натпреварот се: кога ќе се легне, нема станување, храна и вода се дозволени но не и одење во тоалет.