
На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, концерт ќе одржи македонскиот реномиран состав „Љубојна“.
„Љубојна“ негува македонска традиционална музика, длабоко во себе европска, со манири и влијанија од Исток. Пее за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен бит.
Идејата на составот е да ја изговори музиката како единствен универзален јазик.