Бројот на жртвите од земјотресот во Кина порасна на 589

Бројот на жртви од земјотресот на југот на Кина порасна на 589, додека спрасувачите пробуваат да се пробијат до изолираните планински заедници за да го расчистат теренот, пренесува АП.

Администрацијата на провинцијата Јунин соопшти дека повеќе од 2.400 лица се повредни во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, кој се случи пред четири дена.

Фенг, полковник на кинеската Народноослободителна армија, рече дека во импровизираниот штаб на Лонгутушан постои сеуште надеж дека некој ќе биде пронајден жив.

„Има многу луѓе кои можеби и никогаш нема да можеме да ги ископаме, но сеуште имаме надеж“, вели Фенг.

Спасувачите во последните 24 часа успеале да стигнат до мало село на планините, со кое во минатото се немало комуникација.

Илјадници војн ици и стотина волонтери итно пристигнаа во областа Лудијан за да ги бараат евентуално преживеаните во рушевините, но силниот дожд и лизгањето на земјиштето ја отежнува нивната акција.