На претходно во четвртокот пласираните во нокаут-фазата од Лига Европа Реал Сосиедад, Ренџерс, Спартак и Наполи, по вечерните натпревари им се придружија и Црвена Ѕвезда, Брага и Динамо Загреб.
Највозбудливо беше во Групата Ф, каде за пласман натаму во Португалија директно се соочија Брага и Црвена ѕвезда. Брага поведе преку Гален во 52 минута, а белграѓаните израмнија со голот од пенал на Катаи во 79 минута. Со овој резултат Ѕвезда е прва а Брага е втора, додека најголем губитник е тимот на Модтјуланд кој одигра недоволни 0:0 на гостувањето кај бугарски Лудогорец.
Во Групата Г сѐ беше решено и пред последното коло. Првото место го освои Баер Леверкузен, кој загуби на гости кај Ференцварош со 0:1. Втор е Реал Бетис, кој исто така, групната фаза ја заврши со пораз од 2:3 кај Селикс.
Во Групата Е, Олимпик Марсеј во директниот дуел за третото место дома со голот на Милик во 36 минута со 1:0 го совлада Локомотив од Москва.
Лацио и Галатасарај во Рим се бореа за првото место, но уделот заврши без погодоци. На „Небесносилите“ за првото место им беше потребна бодеа, а турскиот претставник и со бод отиде во осминафиналето.
Во Групата Х, Вест Хем одаман го имаше освоено првото место, па се решија да ги одмораат повеќето иргачи што му овозможи на загрепски Динамо да дојде до гостинска победа од 1:0 со голот на Оршиќ веќе во 4 минута, а да оди во плеј-офот со еден од третопласирани клубови од групната фаза во Лигата на шампионите.
Рапид, кој исто така со 1:0 славеше на гости кај Гент, ќе продолжи во Конференциската лига.