
Американскиот претседател Џо Бајден им ветил на НАТО членките поранешни коминистички земји од централна Европа и Балтикот дека без нив нема да бидат носени никави одлуки кои се однесуваат на регионом, соопшти советничката на литванскиот претседател.
Бајдени ги уверувал сојузниците дека ништо нема да биде договорено со Русија за регионот зад грбот на земјите во регионот. „Бајден рече ‘ништо за вас без вас’“, изајви за новинарите советничката Аста Скаисгирте.
Бајден разговараше со чениците на земјите од НАТО кои се граниќат со Русија, Белорусија и Украина: Естонија, Латвија, Литанија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.
„Рече дека за овие земји се можни дополнителни воени можности, иако не именуваше можни локации“, изјави Скаисгирите.
Според неа, Бајден рекол дека Украина е „суверена држава која мора да реши за својата иднина“, како и дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин за „многу сериозни последици, координирани со европските партнери“ доколку Русија изврши инвазија врз Украина.
„Прашањата на европската безбедност мора да бидат дискутирани со сите членки на НАТО, а земјите надвор од Алијансата немаат моќ на вето по прашање на одлуките на НАТО“, објави на Twitter естонскиот претседател Алар Карис по обраќањето на Бајден.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа му рекол на Бајден дека трајното стационирање на американската војска во неговата земја би било „најефикасно“ за одвраќање и безбедност во регионот.