(ВИДЕО) Насилен протест во Луксембург против корона мерките

Неколку стотици лица вчера протестираа во Луксембург против мерките воведени поради коронавирусот, јавија француските медиуми, додавајќи дека полицијата која го обезбедуваше протестот употребила водени топови и го растурила собирот, притоа апсејќи и неколку демонстранти.

Хеликоптери и дронови ги надлетуваа демонстрантите кои извикуваа „Слобода“, а на помош на луксембуршката полиција дојде и полицијата од соседна Белгија, поради нередите што на сличен собир избија на 4 декември.

Полицијата ја истурка групата демонстранти кои фрлаа петарди и димни бомби во поставените полициски барикади во центарот на градот.

Приведени се повеќе од 10 лица.

Властите ги заострија мерките против коронавирусот. Во Луксембург е задолжителна ковид  пропусницата за влез во згради во кои се сместени културни и забавни настани.

Ковид пропусница или негативен тест за коронавирус од 15 јануари ќе бидат задолжителни и за вработените во сите фирми.

https://www.youtube.com/watch?v=fMClp9C0Bu4