Филипче широкоградо делел дебели хонорари на блиски луѓе, од задолжувањето на државата за штипската клиника

За изградба на новиот клинички центар во Штип, освен на градежни компании,  Министерството за здравство им исплаќало хонорари и на петнаесетина лица „учесници во проектот“, меѓу кои се ексградоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, Јован Грповски државен советник на министерот, Љупчо Балковски пратеник на ВМРО-Народна, објави Призма.

Сумите се движеле меѓу 30.000 и 90.000 денари и тоа месечно, а Изборот на луѓето што ќе бидат ангажирани, го правел министерот Венко Филипче.

Грповски, првично добивал по 150 илјади денари месечно, а последниве години по 90.000 денари. Балковски, добивал годишни хонорари во просек од околу 19 илјади евра. Жерновски бил ангажиран од мај оваа година и како координатор за изгадба на болницата добивал по 60.000 денари. Во проектот се ангажирани и други хонорарци кои инаку биле и редовно вработени административни службеници во Министерството за здравство.

Како што наведува Призма, меѓу нив е и советничка на министерот, која од 2020 добивала хонорар за изградбата на клиничката болница во Штип.

Во текстот се вели дека изборот на луѓето што ќе бидат ангажирани, кои потоа ги одобрува и кредиторот, е „дискреционо право на министерот“.

За новата клиничка болница во Штип Македонија доби кредитот од 97 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа, но  кредиторот на 5 ноември со писмо го извести министерот за здравство дека се откажуваат да го финансираат проектот поради бавната градба. Новата клиника во Штип почна да се гради пред речиси пет години.

Ден пред да стигне писмото, поточно на 4 ноември, на 15-тина луѓе што се ангажирани да работат на проектот на сметките уредно им легнале хонорарите за ангажманот околу новата клиничка болница.

Извор: Призма.мк