Бугарија мора да му издаде лични документи на дете со две мајки, пресуди Судот на ЕУ

Судот на Европската унија пресуди во вторникот дека Бугарија мора да издаде лични документи за идентификација на дете коешто има две мајки, Бугарка и нејзина британска сопруга, иако земјата не ги признава еднополовите бракови.

Пресудата се однесува на случајот на бругарско-британската брачна двојка во која и двете жени се признати како мајки во матичната евиденција на родените, во докуменотот издаден во Шпанија каде што живеат.

Бугарија одбила да ги наведе двете жени како мајки на националниот извод од матичната книга на родените кои жените го барале за да добијата бугарски а со тоа и идентификациски документ на ЕУ за детето.

Бугарката одлучила да ја оспори таквата одлука и случајот завршил пред Судот на ЕУ, кој разгледувал дали со решението на бугарските власти за одбивањето за издавање документите се нарушува правото на детето како граѓанин на ЕУ слободно да се движи во Европската унија.

„Бугарските власти мора да ѝ издадат бугарска лична карта или пасош со нејзиното презиме како што е наведено на изводот за родените кој го издале шпанските власти. Таквиот документ мора да го овозможи правото на слободно движење со двете мајки на дететот“, одлучил Судот на ЕУ.

Судот истакнува дека граѓаните на ЕУ „мора да имаат право на нормален семеен живот, што значи дека сите земји членки мора да ја почитуваат врската меѓу детето и родителите утврдена во некоја од државите членки, иако не мора да ги признаваат еднополовите бракови“.