Малта прва во Европа ја дозволи марихуаната за лична употреба

Малта во вторникот стана првата европска држава којашто го дозволи ограниченото одгледување и поседување на марихуана за лично користење, откако Луксембург во октомври ги објави сличните планови но тамошниот парламент сѐ уште тоа не го одобри.

Во парламентот на Малта споменатиот закон беше одобрен со 36 гласови „за“ и 27 гласови „против“, а тој им дозволува на возрасните лица поседување до седум грама марихуана и одгледување до четири растенија во домашни услови и да се чуваат сушениот производ до 50 грама.

Покрај тоа, се основа и агенција којашто ќе ја регулира продажбата на марихуаната за лична употреба, изјави министерот за еднаквост Овен Боници.

Марихуаната за лична употреба ќе ја продаваат непрофитни здруженија. Но пушењето на марихуана во јавноста останува незаконски, а пушењето на марихуаната пред деца ќе се казнува со 300 до 500 евра.

Министерот Боници ги отфрли критиките дека законот ќе доведе до зголемување на користењето на дрогите воопшто.

„Владата во ниеден случај не ги поттикнува возрасните граѓани да ја користат марихуаната, ниту ја промовира културата за нејзино користење. Владата секогаш им ги советува на луѓето поздравите избори“, истакнува министерто во авторскиот напис објавен во весникот Sunday Times of Malta.

Малта има намера и да стане европски лидер во производството на медицинска марихуана, па така уште во 2018 година го усвои законот го дозволи производството на марихуаната за медицински и итражувачки цели.

Во Европа сличен либерален став во однос на употребата на марихуаната има и Холандија, дозволувајќи продажба на мали количества иако официјално е незаконска.