Цената на гасот Цената на природниот гас во вторникот вечерта надмина 1.525 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Цената на фјучерсите на отворањето на денешното тргување надминаа 1.400 долари, а цената растеше во првите неколку часа од а потоа пaдна на 1.350 долари, по што повторно почна да растe. До крајот на трговскиот ден, цената достигна до највисоката вредност од 1.525 долари за илјади кубни метри, што е речиси за 12,6 отсто повисока од затворањето на тргувањето во понеделникот од 1.356,3 долари.
Цената на енергенсот на пазарот на преднарачките продолжува да расте од средината на минатата седмица. Просечната цена на јануарските фјучерси во ноември изнесуваше 960 долари, а сега според процените на аналитичарите достигнала 1.155 долари. Просечната цена на спот пазарот во ноември изнесуваше 950 долари, но деновиве се приближува до рекордните 1.130 долари. На крајот од минатата седмица, котирањата беа фиксирани на нивото над повеќе од 1.200 долари за илјада кубни метри.
Минатата седмица цените скокнаа за речиси 10 отсто. Според податоците на компанијата за независни енергетски истражувања „Rystad Energy“, тоа се должи на непланираното исклучување на норвешкото наоѓалиште на гасот „Troll“ на 8-ми декември, по што испумпувањето на енергенсот од ова поле паднало за 14 отсто.
Од друга страна, аналитичарите на пазарите на енергенсите сметаат дека за скокот на цената на гасот придонела и изјавата на новата германска министерка за надворешни работи од Зелените, Аналена Бербок, дека руско-германскиот гасовод Северен тек 2 сѐ уште не може да ги добие одобрувањата, бидејќи проектот не ги исполнувал барањат од европската енергетска регулатива. Рускиот гасен гигант „Газпром“, водечкиот според уделот во компанијата оператор со гасоводот во кој се уште шест најголемi европски енергетски компании, експресно реагираше со прилагодување на структурата.
Европскиот пазар на природниот гас и натаму е нестабилен, на почетокот од август договорите за испораки беа склучувани на ниво од 515 долари за илјада кубни метри, но веќе во октомври цените го достигнаа историскиот максимум од 1.937 долари. Стручњаците го поврза енормниот скок на цените со малите капацитети за складирање во Европа, како и за зајакнатата побарувачка на течниот природен гас (LNG) на азиските и јужноамериканските пазари каде поради повисоките цени беа пренасочени најголемите количества. Овие фактори и натаму влијаат врз динамиката на цените, иако во ноември со енергенсот се тргуваше на ниво под илјада долари.