Барселона во вторникот во Ријад загуби на пенали од аргентинска Бока Јуниорс со 2:4 во пријателскиот натпревар во чест на починатата аргентиска фудбалска легенда Диего Армандо Марадона кој настапуваше и за каталонскиот гигант, а мечот го одбележа враќањето во Бразилецот Дани Алвешт во тимот на Барса.
Барселона поведе со голот на Феран Јутгла Бланк во 50 минута, но Бока израмни во 77 минута со погодокот на Ексекиел Зебаљос. Изведувањето на паналите беше во полза на Аргентинците откако за Каталонците не реализираа Хаиме и Переира.
Бока Јуниорс, така, стана првиот победник на нововоспоставениот „Куп на Марадона“. што така осв
Светскиот шампион со репрезентацијата на Аргентина, Диего Марадона за Бока настапуваше од 1981 до 1982 година и од 1995 до 1997 година. За Барселона, пак, играше од 1982 до 1984 година, одигрувајќи 58 натпревари и освојувајќи го Купот и Суперкупот на Шпанија, како и купот на шпанската лига.
Во Ријад Дани Алвеш ги одигра првите минути за Барса по враќањето во клуот во ноември годинава, а 38-годишниот Бразилец имаше голема шанса за погодок во завршницата но стана стрелец во пенал серијата. Алвеш зад себе има 21 трофеј, од кои два во Лигата на шампионите, во осумте сезони кои ги мина во Барселона.