Фудбалерите на Манчестер Сити во вторникот дури со 7:0 го совладаа Лидс јунајтед во натпреварот од 17-то коло на англиското првенство, и привремено создадоа четири бодови пред второпласираниот Ливерпул.
Голеадата на „Итихад“ ја отвори Фил Фоден во 8 минута, водството го удвои Џек Крилиш во 13 минута, а 3:0 на полувремето беше дело на Кевин Де Брујне со голот во 32 минута. Ријад Марез продолжи со полнењето на мрежата на Лидс во 49 минута, во 62 минута Де Брујне го постигна својот втор погодок на мечот, а последните два погодока ги постигнаа бековите на домашните, Џон Стоунс во 74 и Натан Аке во 78 минута.
Сити со 13-та победа сезонава има 41 бод а го следат Ливепрул и Челзи со 37 односно 36 бодови, и во среда ќе се обидат да ја намалат разликата. Лидс Јунајтед остана на 16-то место со 16 бодови, пет повеќе од зоната на испаѓање.
До четвртата победа во шест натпревари на клупата на Астон Вила дојде Стивен Џерард, чиј тим со 2:0 победи на гостувањето кај Норич Сити кој го доживеа третиот последователен пораз. Вила поведе во 34 минута со голот на Џејкоб Ремзи, а победата ја потврди Оли Воткинс во 87 минута.
Со 22 бодови Астон Вила моментално е на деветтото место но може да падне и до 12-та позиција по завршувањето на колото. Норич со 10 бодови и натаму е последени 20-ти, но има само три бода помалку од зоната на спасот.