Путин и Кси разговараа за билатералната агенда, меѓународната во втор план

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега по должност Кси Џинпинг разговараа во средата преку видео-врска за билатералниот дијалог при што рускиот челник соработката меѓу Москва и Пекинг ја опиша како „модел за соработка на XXI век“ и само лефтерно ја допреа меѓународната агенда, пренесуваат во средата руските медиуми.

„Мило ми е што имам можноста да имам директна линија на комуникација со вас (…) Ги сметам (нашите) односи вистински модел за меѓудржавна соработка во двесет ипрвиот век“, рекол Путин на почетокот од виртуелниот самит.

Кси, од своја страна, му се заблагодарил на рускиот лидер за отпорот на обидите да се внесе раздор во односите меѓу Пекинг и Москва, а исто така ги истакнал зголемувањето на бројот заеднички проекти и растот на обемот на трговската размена меѓу двете земји.

Посебноста на односите меѓу двете земји, како што истакнал Путин, е во тоа што се решеи заедничката граница да биде претворена во појас на „вечен мир и добрососедство“.

„Меѓу нашите земји е формиран нов модел на соработка, меѓу другото, базиран на принципите како што се немешањето во внатрешните односи на друга земја и почитување на меѓусебните интереси….“, истакнал Путин,

„Во периодот јануари-ноември годинава трговската размена се зголеми за 31 отсто на 123 милијарди долари. Рекордните бројки од предпандемиската 2019 година веќе се надминати. Во блиска иднија, како што е договорено, ќе го надминеме прагот од 200 милијарди долари“, се согласил Путин.

Покрај тоа, рускиот претседател ја опишал Кина како меѓународен центар за производство на руските вакцини против коронавирусот „Спутник V“ и „Спутник Лајт“, според договорите за произвдоство на повеќе од 150 милиои дози од вакцините потпишани со шест кинески производители.

Соговорниците изразиле надеж за тет-а-тет средба во февруари и заедничко учество на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои многу западни земји ги ставија под дипломатски бојкот откако таквиот чекор го преземаа САД.

Путин, исто така, потсетил дека во мај е започната заедничката изградна на четири нуклеарни блокови во Кина. Рускиот лидер додал дека тој и неговиот кинески колега претходно телефонски разговарале за „жешките меѓународни теми, особено за авганистанскиот проблем“.

По воведните изјави, преговорите продолжиле „зад затворени врати“, и засега не е познато дали ќе следуваат изјави за текот на разговорите.

 

Соработка за „праведен светски поредок“

Путин, исто така, го истакнал придонесот што соработката меѓу двете земји го има во одржувањето на стабнилноста во меѓународните односи.

„Тасната координација на Русија и Кина со своите акции на светската арена, одговорниот заеднички пристап за решавање на итните светски проблеми станаа значаен фактор за стабилноста на стабилноста во меѓународните односи“, рекол Путин.

Според него, разгаранетиот механизам за дијалог меѓу владите и соодветените ресори на двете земји функционираат во ритам, се зајакнува парламентарната соработка, а се одржуваат и постојани контакти меѓу министерствата за надворешни работи и за одбрана.

Путин, исто така, истакна и дека Москва и Пекинг „активно заеднички работат“ во Совеетот за безбедност при ОН, во Шангајската организација за соработка и во БРИКС, што севркупно придонесува за
„формирање праведен сведски поредок заснован на меѓународното право“.