Во Франција циркулираат најмалку 110.000 лажни ковид-потврди, објави во четвртокот агенцијата France presse (AFP), повикувајќи се на извори блиски на министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен.
„Имаше повеќе од стотина приведувањеа во 400 истраги кои беа отворени откако летово ковид-потврдата стана задолжитечна на одредени локации“, изјави министерот Дарманен за телевизијата France 2.
Тие приведувања се однесуваат и на корисниците на лажните ковидш-потврди и на мрежата која ги предавала, појасниле изворите на AFP.
„Проблемот со лажните потврди е што често се издаваат во соработка со лекарите или медицинските сестри“, додаде Дарманен, според кого тоа е нешто „што тешко се докажува“.
Веќе се одредени затворски казни, во прв ред за корисниците на потврдите, додаде Дарманен наведувајќи дека казните може да достигнат и до пет години затвор. Но додаде дека се залага да се прекинат истрагите за оние лица кои имаат лажна потврда но се подготвени да се усогласат со прописите.
Според последните податоци, повеќе од 3.000 пациенти со Covid-19 се згрижени на одделите за интензивна нега ширум Феранција, а бројот може да достигне и над 4.000 во текот на божикните и новогодишните празници, предупреди претходно во четвртокот портпаролот на вкадата Габриел Атал.