Организацијата Новинари без граници (Reporters sans frontières – RSF) никогаш како оваа година не избројале толку многу затворени новинари ширум светот, а за тоа најмногу се виновни владите на Белорусија, Мјанмар и Кибна, се наведува во извештајот објавен во четвртокот во кој се наведува дека од друга страна во пад е бројот на убиените медиумски работници.
„Никогаш од почетокот на објавувањето на горишниот извештај на RSF во 1995 година бројот на затворените новинари не бил толку висок“, се истакнува во соопштението на оваа невладина органзиација за одбрана на слободата на медиумите.
До 1-ви декември вкупно 488 медиумски работници биле во затвoр поради нивната професија. Тоа претставува заголемуива од 20 отсто во однос на претходната година, се додава во соопштението.
„Овој исклучиетелен пораст на произволно притворање главно може да се припише на три земји чиишто влади се рамнодушни кон тежнеењето на нивните граѓани кон демократија“, пишуваат авторите на извештајот на RSF.
Така, се наведува дека во Мајнмар, каде војската со преврат ја презема власта на 1-ви февраури 2021 година во моментов 53 новинари се во затвор. Една година претходно биле затворени само двајца.
Во Белорусија, каде што претседателот Александр Лушаенко победи на изборите во октомври 2020 година но опозицијата и Западот не ја признаваат, 32 новинари биле во затвор оваа година, за разлика од седум една година претходно.
Контролата на Пекинг врз Хонгконг, вратената во матицата земја поранешна британска колонија, според оцените на RFS ја влошила ситуацијата таму и законот а за национална безбедност бил користен како изговор за притвор во кој моментални се десет новинари. Претходно Хонгконг, благодарејќи на специјалниот статус беше доживуван како регионален модел за почитување на медиумските слободи.
Од друга страна, пак, во годината што изминува убиени се 46 новинари, што е најмалку во последните дваесет години.
„Овој тренд на намалување, кој е нагласен од 2016 година, може во прв ред да се припише на развојот на регионалните судири (Сирија, Ирак, Јемен) и стабилизацијата на боиштата по 2012 и 2016-та, кои беа особено смртоносни“, истакнуваат од RFS.
Повеќето загинати не настрадале во воените судири, туку се „целени и елминирани“, се додава во извештајот. Мексико и Авганистан и годинава се двете најопасни земји за новинарите, каде што со убени седум односно шест новинари, а потао следат Јемен и Индија.