Божиќните ѕвезди овие денови се во центарот на вниманието во нашите домови, но постои уште едно интересно растение кое токму во овој период од годината го прима своето најубаво руво. Тоа е божиќниот кактус.
Божиќниот кактус (лат. Epiphyllum Truncatum) е билка која е идеална за суви затворени простории и не треба премногу често да се залева. Нејзините раширени, светло зелени гранки можат да пораснат и до половина метар, а цветовите можат да бидат црвени, жолти, бели, розови или виолетови. Неговите цветови можат да достигнат големина и до седум сантиметри, но токму во моментот на цутење Божиќниот кактусот е почувствителен од било кога. Затоа најдобро е да направите одредени чекори кои на вашиот божиќен кактус ќе му дадат совршени услови за цутење за време на празниците. Иако е растение од фамилијата кактуси, сепак има потреба од многу поразлични услови од пустинските примероци.
Треба умерено да се залева
За да го задржите божиќниот кактус во „топ форма“, внимаваје на количината на водата со која го залевате. Се препорачува да се залева само еднаш во неделата или на неколку дена да му се освежуваат лисјата и земјата со прскање. Во било која продавница може да најдете шише со распрскувач кое воопшто не е скапо. Кога ќе видите дека неговите пупки почнуваат да растат, што е знак дека наскоро ќе процвета, малку ќе ја зголемите количината на вода.
Изложете го на умерена сончева светлина
Исто така, важно е да се внимава, исто како и на количеството на влага, и на светлината. Божиќниот кактус не сака директна сончева светлина. Затоа најдобро е да се смести во источниот дел од станот за да се добие малку повеќе светлина во утринските часови што ќе се намали во текот на денот. Идеално, тој треба да обезбеди 10 часови дневна светлина и 14 часа темнина за да го поттикне неговото цутење.
Не треба да се поместува кога цути
Ако вашиот кактус веќе подолго време е во некој дел на станот или куќата кои можеби и не се идеални, не се препорачува сега да се поместува, бидејќи тоа е растение кое во време на цутењето е исклучително чувствително на секоја промена, која може да биде фатална за неа.
Затоа божиќниот кактус, откако ќе ги покаже првите цветни пупки, треба да одмори. Дури и најмала промена ќе резултира со паѓање на сите пупки што ќе се појават.
Внимавајте на собната температура
Иако на божиќниот кактус не му пречи сувиот воздух што произлегува од загревањето на собите, сепак му пречи превисока температура. Идеално, кактусот треба да се чува на 20 Целзиусови степени. Затоа, дефинитивно мора да биде загреан простор, но со умерена температура.
Пресадете го во поголема саксија, но само доколку има потреба од тоа
Кога ќе помине времето на цутење вашиот божиќен кактус можете да го пресадите во поголема саксија, што е потребно да го правите на секои две до три години, а токму тогаш е и време за негово размножување. Но ова секако дека треба да го избегнувате за време на цутење.