Најмалку 80 луѓе починале годинава од треската Ласа во Нгери,а пренесува во четвртокот агенцијата Xinhua наведувајќи извод од Нигерискиот центар за контрола на болестите (NCDC).
Според податоците до кои дошла агенцијата, од почетокот на јануари до 8-ми декември годинава во земјата се регистрирани 80 смртни случаи од треската Лас. Во истиот период потврдени се вкупно 417 случаи на зараза со оваа болест во 17-те сојузни држави во Нигерија, вкучително и Федералната територија на главниот град.
Од NCDC најавиле интензивирање на работата на техничката група за сузбивање на болеста и на специјалните центри за инта нега на пациентит со Ласа треската. Претходната голема епидемија од оваа болест во Нигерија беше забележана во 2017 и 2018 година.
Ласа треската е опасна хеморагична инфекција од вирусна природа. Вирусот се пренесува преку храна или предмети во домаќинствата контаминирани со животните носители на инфекцијата, најчесто стаорци или глувци. Инфекцијата, исто така, се шири од човек на човек преку близок контакт. Вакцина против болеста ен е развиеана, а третманот е симптоматски.