Македонската ракометна репрезентација за неколку дена ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство кое е на програмата наредниот месец во Унгарија и Словачка.
Поради тоа селекторот Кирил Лазаров денеска го скрати списокот на играчи од 35 на 24 ракометари (заедно со него) кои ќе ги одработат завршните подготовки и од кои ќе се формира конечната листа на патници за континентелниот собир.
Првиот собир е закажан за 22 декември во 12 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.
Инаку нашиот национален состав за време на припремниот период ќе одигра пријателски средби против Кувајт и Израел во Маврово и Скопје.
Македонија на ЕП е во група со Словенија, Данска и Црна Гора.