Мисајловски на свечена академија по повод прославата на патронот „Свети Николај“

За многу години престојниот празник Свети Никола !🙏

Вечерва имав задоволство да бидам дел од Свечената академија по повод прославата на Патронот на преубавиот град Свети Николе – “Свети Николај”.

Благодарност за поканата до Дејан Владев – Градоначалник на Општина Свети Николе кој со неговиот тим направија убав настан како што доликува на ваков свет град, напиша на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.