Премиерот на Бугарија, Кирил Петков во интервју за емисијата „Панорама“ на „БНТ“ синоќа го прокоментира и прашањето за спорот со С.Македонија.
Запрашан дали има отстапка во позицијата на Бугарија за Република Северна Македонија, Петков рече дека не станува збор за слино нешто.
„Она што јас многу јасно го дадов како мандат во следните чекори со Република Северна Македонија е дека ќе ја надградиме бугарската позиција со дополнителни работни групи за економија, инфраструктура, култура, мерки и политики за влез и помош. Капацитетот на С. Македонија – како да успеат да го направат чекорот кон влез во ЕУ. Што значи дека поставуваме рок од 6 месеци и јас јасно го кажав овој рок“, рече премиерот.