
Најмалку 30 момчиња починале во јужноафриканската покраина Истерн Кејп а околу 80 други се хоспитализирани во текот на традиционалниот сезонски обред на иницијација, соопштија во неделата од јужноафриканската Конгресот на традиционалните главатари.
Во разговорот за локалната телевизија eNCA, Нкоси Ланга Мајусо изјави „Загубивме околу 30 момчиња… умреа од дехидрирање, сепса, несоодветен третман на повредите“.
Во Јужна Африка во моментов е средината на летната „Улвалуко“ сезона во текот на којашто илјадници млади мажи на возраст од 16 години и повеќето се подложени на традиционалното обрежување и случни ритуали кои го означуваат нивното преминување од детството во зрелата возраст.
Откако ќе бидат обрежани од традиционален лекар, од момченцата се очекува да минат извесно време во осаменост и преживување во јужноафриканската дивина. Во тој процес на многумина од нив не им е пружана соодветна нега, додава Мајусо.
Генералниот секретар на Конгресот на традиционалните главатари на Јужна Африка, Золани Мкива за eNCA вели дека треба да се преземат драстични потези за да се избегнат непотребните смртни случаи кои се случуваат со десетици секоја година.
Пемиерот на Истерн Кејп, Оскар Мабујане, изјави дека повеќето смртни случаи се пријавени во нелегалните иницијациски школи, и истакна дека при правилното водење на иницијациите нема смртни исходи.
„Овие школи не придонесуваат за зачувување на нашите традиции во сигурни услови“, додаде Мабујане.
Околу 70.000 момченца се регистрирани за обредот оваа година. Таквата практика привремено беше запрена од март минатата до јуни 2021 година поради рестрикциите во врска со коронавирусот.