14 лица починаа, нови 190 заразени од Ковид-19

Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека во последните 24 часа се направени 2.592 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19.

Повеќе од половина, односно 101 нов случај е регистриран во Скопје. Во останатите градови бројот на новозаразени е двоцифрен. Во Прилеп има 12 нови случаи, во Битола – 10, Велес и Струмица – по 8, Кавадарци, Куманово и Охрид – по 7, Ресен – 6, Штип – 4, Гевгелија, Демир Хисар и Неготино – по 3, Богданци, Делчево, Кичево и Пробиштип – по 2, Дебар, Кочани и Крива Паланка – 1.

Во текот на изминатите 24 часа починати се 14 лица и тоа тројца од Скопје (46г, 58г и 89г), по двајца од Прилеп (73г и 80г) и Охрид (59г и 88г) и по едно починато лице од Берово (53г), Струмица (65г), Битола (80г), Кавадарци (80г), Куманово (83г), Ресен (88г) и Кичево (91г). Од пријавените, 13 од лицата се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.

Оздравени се 193 пациенти, а бројот на активни случаи во земјава изнесува 5.522.

Досега се направени вкупно 1.521.642 тестирања на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани е 221.285. Бројот на оздравени пациенти е 207.948, а на починати 7.815.