
Женската ракометна селекција на Норвешка е новиот светски првак откако во финалето во шпански Гранолерс ја совладаа репрезентацијата на Франција со 29:22 (12:16), а претходно во дуелот за третото место Данска беше подобра од Шпанија со 35:28 (16:13).
Ова е четврта шампионска титула за Норвешка, по победите на завршните турнири во 1999, 2011 и 2015 година.
Олимписките победнички Французинките подобро го започнаа дуелот, со одбраната 5-1 целосно ги разоружаа Норвежанкиет и во 26 минута имаа предност од шест гола 14:8, а на полувремето заминаа со водство од 16:12.
Но во вториот дел норвешката селекција одигра одлично. Со цврста одбрана и брзи противнапади во првите 10 минути од вториот дел Норвежанките направија серија од 10:3 и поведоа со 22:19. Десет минути пред крајот имаа „плус шест“ 26:20, а на крајот бепе 29:22.
Норвешка до триумфот ја водеша Хени Рејстад со шест погодоци а гол помалку впишаа Нора Морк, Стине Бредал Офтедал и Кари Братсет Дале. Се докажа и голманката Сиље Солбер гсо 12 одбрани.
Кај Французинките Алисн Пино постигна четири погодоци, сите од најстрогата казна, додека Паулет Фопа постигна три гола.