
Во дербито од 17-то коло на холандското фудбалско првенство Ајакс во Ритердам пре празните трибини го победи Фејенорд со 2:0, а во безредијата околу „Де Класикер“ полицијата приведе 64 лица.
Во најголемото дерби на холандскиот фудбал Ајакс ја впиша шестата последователна победа притив најголемиот ривал. Гостите поведоа во 44 минута со автоголот на Маркос Сенеси, а победата на „Копјаниците“ ја потврди Душан Тадич од пенал во 81 минута.
Иако на трибините немаше навивачи поради епидемиолошките ограничувања, околу стадионот „Де Куио“ избувнаа безредија, а полицијата приведе 64 лица.
Повеќето апсења се случиле пред натпреварот, кога домашните навивачи се обиделе да го нападнат автобусот со играчите на Ајакс. Хулиганите ги нападнале автобусот и полицајците со факели, шишиња и чадни бомби па полицијата морала да употреби воден топ.
Како што пренесе холандската новинска агенција ANP во инцидентите учествувале околу 150 навивачи.
Инциденти имаше и во Леуварден, каде што играа локалните тимови Камбур и Гееренвен а славеа гостите со 2:1. Полициајта уапсила десет лица поради палење факели и огномет.
На чело на табелата на холандското првенство е ПСВ Ајндховен кој на гостувањето го победи Валвијк со 4:1 и има 40 бодови, еден повеќе од Ајакс, додека Фејенордф е трет со 36 бодови.