
На повидок е голем скандал со продажба на имотот на некогашниот трговски гигант „Славија“ за само 220,000 евра, кој е во речиси стопроцентна државна сопственост, а е вкупно проценет на 20 милиони евра, брифираа во понеделникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, според презентираното објавен е оглас за лицитација на 27-ми декември годинава, според кој целиот имот на „Славенија“ се продава за 218.,535 евра. Владата е имаку има удел од 98 отсто во целиот капитал и имот на претпријатието кое како некогашен загубар беше преземено од државата.
Дека станува збор за во најмала рака сомнителна заднина на оттиѓувањето на „Славија“, укажува и фактот дека само зградата на дирекцијата на претпријатието е проценета на 9 милиони евра.
Последната проценка на вредноста на „Славија“ е направена во 2016 година и оттогаш нема нови податоци, а целиот имот е проценет на најмалку 20 милиони евра, кои вклучуваат и големи парцели погодини за градежни зафати во најблиските зони до централното подрачје на Скопје.
Моментално, според процените, долгот на „Славија“ по разни основи се движи меѓу 3 и 5 милиони евра.