Црна Гора ќе биде на удар како контра мерка на Русија, која прогласи едногодишна забрана на увоз на одредени земјоделски производи од земјите кои и воведоа санкции или се придружиле кон таквата мерка.
Од црногорскот Министерство за надворешни работи и европска интеграција најавија дека најверојтано денеска ќе реагираат по повод одлуката на руската администрација, пренесува подгорички „Дан“.
Владата на Црна Гора се придружи кон заклучоците на Советот на Европската унија, со кои на 53 руски и украински државјани им е забранет влез во земјите на ЕУ и располагање со средствата.
Мерките се утврдени како одговор на санкциите кои се воведени на Русија поради украинската криза.
Забраната на увоз на земјоделски производи, како што е предвидено веднаш ќе стапи на сила. Руските власти имаат за задача да утврдат листа на земјоделски производи чиј увоз ќе биде забранет.