
АД Водостопанство ќе мора да интервенира на коритата на реките Струмица и Јазга во општина Босилово со цел во иднина да не доаѓа до излевање и поплави на околните обработливи површини.
Станува збор за четири критични точки на реката Струмица кои го има однесено речниот брег и евентуално нови врнежи од дожд или надојдени води ќе предизвикат повторно поплави.
Општина Босилово реагирале уште на 9. ноември, но интервенција од АД Водостопанство нема
Критичните точки ги посети и првиот човек на Центарот за управување кризи. Ангелов кажа дека мора сите засегнати страни да реагираат пред се во делот на превентивата.
Како што кажа ќе проверувал зошто досега Водостопанство не реагирало на чистење на реката Струмица по укажувањата на општината.
Од подружницата на Водостопанство во Струмица соопштија дека располагаат со ограничени средства и овој проблем е системски во кој треба да се вклучат повеќе страни. Како што не информираше директорот Лазар Ѓеоргиев за критичните точки тие алармирале уште летово при што се формирала комисија и се барале средства.
Речното корито на Струмица последен пат беше чистено во 2016 година преку проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а средствата беа обезбедени преку УНДП и ЕУ.