Британија ја крати изолацијата на корона-позитивните кај вакцинираните на седум дена

Британската влада во средатга објави дека изолацијата на лицата кои се позитивни на коронавирусот а претходно се вакцинирани против Covid-19 се скусува на една седмица, на денот го забележа рекордниот број новозаразени од полетокот на епидемијата во 24 часа.

Од средата лицата со два последователни негативни антигенски тестови, на шестиот и на седмиот ден, можат да излезат од изолацијата. Тоа, според владата во Лондон, ќе им овозможи на поголем број луѓе Божик да го прослават во семејниот круг, без разик од ширењето на вирусот на другите.

Велика Британија, една од најпогодените европски земји со Covid-19 со 147.000 починат, во моментов се соочува со голен број зарази со омикрон варијантата на коронаворусот SARS-CoV-2. Во средата имаше 106.122 новозаразени, што е за околу 15.000 повеќе од претходниот ден и најмногу од почетокот на епидемијата.

Меѓутоа, британскиот премиер Борис Џонсон ја исклучи можноста од новите ограничувања во Англија пред божикните и новогодишните празници.

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид о средата најави потпишување два нови договори со фармацевтските компании „Merc“ и „Pfizer“ од кои Обединетото Кралство купува 1,75 милиони односно 2,5 милиони дополнителни таблети против коронавирусот, а станува збор за лековите „молнупиравир“ и „PF-07321332 – ритонавир“.

Антивирусните лекови дејствуваат со намалување на способноста на вирусот да се репроцудира, со што се кочи болеста. Терапиите со апчиња може да се спроведуваат во домаши услови и стануваат ново важно во справвуање со коронаворусната болест.