Спасеновски: Убедливата победа на Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ го потврди нивниот легимитет и ја изнудија оставка на Заев

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа на локалните избори го потврдија својот легитимитет, изјави во Топ Тема на Телма, универзитетскиот професор Александар Спасеновски, додавајќи дека таа победа на ВМРО-ДПМНЕ донесе оставка на Зоран Заев и во СДСМ и во Владата.

Според него покрај тоа една партија да ја исполни својата програма победата на избори е нешто што го очекуваат нејзините поддржувачи и членови и тоа е испорачано.

„Ако зборуваме за раководењето на ВМРО-ДПМНЕ, можеме да зборуваме за два периоди до локалните избори и по нив. Локалните избори се меѓникот заради тоа што процесот на јавна легимитимација на постоечкото раководство од аспект да испорача резултати односно победа на изборите, тоа беше потврдено со убедлива победам“, рече Спасеновски.

Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа, таа резултираше со оставка на претседателот на владата Зоран Заев и од неговото претседателско место во партијата.

„Во таа смисла можеме да заклучиме дека тој легитимитет на Христијан Мицкоски и раководството околу него е потврден и затоа не треба да се очекуваат потреси. Можноста за правење на штета во партијата е драстично намалена“, заклучи Спасеновски.