Сончево со слаб јужен ветер

Во Македонија во четвртокот времето наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималните температури на места ќе се спуштат под минус 10 степени и се движат во интервалот од -12 до -4, а максималните ќе достигнат од 2 до 9 степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура  се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 5 Целзиусови степени.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.