
Русија им испратила на САД предложени датуми за безбедносните гаранции кошто ги бара Москва, објави во четвртокот новинската агенција РИА повикувајќи се на руското министерство за надворешни работи ненаведувајќи го расппоредот.
Агенцијата ја пренесува изјавата на заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков дека Москва нема да прифати никакви предуслови за преговорите.
Русија им понуди на САД точен датум за почеток на дијалогот за безбедносните гаранции и го чека одговорот на Вашингтон, изјави Рјабков, откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно во средата најави дека преговорите за безбедносните гаранции меѓу Русија и САД и НАТО ќе започнат во јануари.
Во интервју за магазинот Международная жизнь, Рјабков посочи дека по разговорите мора да следат конкретни чекори и потсети дека руската страна уште од почетокот нагласила дека е подготвена веднаш и без одлагање да влезе во дијалог.
„Како што разбирав, нив Божик ги спречува. Веројатно ќе има некаков прекин меѓу католичкиот Божик и Нова година, но не можеме да одложиме повеќе од тоа“, рече Рјабков.
Предупреди дека „обидите на САД да го искористат дијалогот со Русија за безбедносните гаранции за да се продолжи милитаризацијата во Украина неизбежно ќе доведат до влошување на ситуацијата“.
„Сакаме брзо официјализирање на договорот што го ставивме на хартија во форма на договор. Доколку предусловот на американската страна е да спроведеме одредени мерки на сопствена територија, што ќе му „радува“ на Вашингтон и другите престолнини на НАТО или што Американците сакаат да ги бараат како барање да продолжиме да работиме, тогаш тоа нема да успее“, рече Рјабков.
Русија сака правно обврзувачки гаранции дека САД и НАТО нема да се шират кон нејзините граници, според декларираните ветувања до 1990-те години во периодот на крајот на Студената војна и расформирањето на спротиставениот воен пакт Варшавскиот договор. Москва инсистира особено соседната Украина во која живее значително рускојазично и рускот население да не влезе во Алијансата, како што посакува сегашната власт во Киев.
Русија минатата седмица објави низа предлози за Западот кои вклучуваат откажување на секакво воено дејствување на НАТО во Украина и источна Европа.
Русија истакнува дека ќе реагира на заканите по нејзината безбедност, бидејќи Украина фактички директно соработува со НАТО и сака да стане членка на воениот пакт.
Москва, исто така, порачува дека нејзиниот безбедносен пакет е патот за смирување на тензиите во Европа и спречува распоредување нуклеарно вооружување на континентот, како и избегнување на воен судир. Клучните руски предлози се следните:
– Запирање на натамошното ширење на НАТО и исклучување на пристапувањето на Украина во Алијансата;
– Да не се распоредува нови единици и оружје надвор од земјите во кои се наоѓаа до мај 1997 година, пред да започнат источноевропските земји да влегуваат во НАТО, освен во исклучителни случаи со согласнот на Русија и на земјите членки на НАТО;
– НАТО треба да се откаже од секакви воени активности во Украина, источна Европа, на Кавказ (Грузија) и во централна Азија;
– Да не се распоредуваат проектили со среден и кус дострел на местата од коишто може да се гаѓаат териториите на други земји;
– Да не спроведуваат вежби со повеќе од една воена бригада во договорените погранични подрачја и редовно да се разменуваат информации за воените вежби;
– Да се потврди дека страните нема да се сметаат за противници и ќе се согласат сите спорови да се решаваат по мирен пат и дека ќе се воздржуваат од користењето на сила;
– Обврзување дека нема да се создаваат услови во кои другата страна би можело да се смета за закана;
– Да се воведат „жешки линии“ за контакти во кризни ситуации.