![gjukanovic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/gjukanovic.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ е позитивен на коронавирусот, откако, како што претходно беше најавено, имал контакт со лице позитивно на Ковид.
– Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро. Согласно епидемиолошките мерки тој се наоѓа во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски – соопштуваат од кабинетот на Ѓукановиќ.