
Дијаспората во текот на 2020 година испратила 361 милион евра, што е околу 3,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на Македонија, но сепак тоа е најмалку споредено со земјите од регионот.
Така, според податоците од Евростат личните дотации од странство во Србија се околу 7,2 проценти од БДП, во Босна и Херцеговина – 9,3 %, Албанија – 9,8%, Црна Гора – 12,5% и Косово – 18,5 % од БДП.
И во апсолутни бројки, имаме најмали дотации од дијаспората, споредено со целиот регион. Најголем прилива на средства од странство има Србија – 3,37 милијарди евра, потоа следат Босна и Херцеговина – 1,63, Албанија – 1,27, Косово – 1,25, Црна Гора – 524 милиони и на крај Македонија со 361 милион евра.
Според податоците од Евростат, во рамки на ЕУ најголема зависност од лични дотации од странство во 2020 година имале Хрватска – 7,3 проценти од БДП, потоа Летонија – 3,2 проценти од БДП и Романија – 3,1 процент.