
Во Македонија во неделата времети ќе биде претежно облачно, во западните делови од земјата со локaлeн дожд, а доцна попладнето дожд ќе врне во југоисточните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура утрово се во интервалот од -2 до 3, а максималната дневна ќе достигне од 7 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со слаба магла наутро. Минималната температура се спушти до 0, а максималната ќе достигне 7 степени.
Во понеделник ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда.
Температурите во следните денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка на планините