
Шест лица се убиени а уште пет други се ранети во Бразил во престрелка во текот на божикна прослава на фудбалско игралиште, објавија во неделата локалните медиуми.
Инцицентот се одиграл во градот Форталеза, на североистокот од Бразил, а службата за јавна безбедност во сојузната држава Сеара соошти дека загинатите лица се на возраст од 15 до 26 години.
Во врска со смртоносниот инцидент уапсени десет лица, а властите објавија дека четири од жртвите од претходно ѝ биле познати на полицијата за учество во криминални групации.
Бразилските медиуми наведуваат дека најверојатно станува збор за судир на локални банди, повикувајќи се на извори од воената полиција, која е вклучена во справувањето со организираниот криминал.