ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров ја продолжуваат традицијата,и годинава дониранаа храна во црквата „Свети Петар и Павле“

Како ВМРО – ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров ја продолжуваме традицијата и оваа година. Дониравме храна во народната кујна во црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров, стои во Фејсбук статусот на Бојан Стојаноски, пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој напиша дека се надева дека со ова ќе помогнат на оние на кои им е најпотребно во овие празнични денови.

– Од мое лично име им се заблагодарувам на сите кои земаа активно учество во хуманитарната акција. Да бидеме химани, да помагаме и во наредниот период, додава Стојаноски во својата објава.