Никола Карабатиќ има коронавирус

Еден од најдобрите ракометари во селекцијата на Франција, Никола Карабатиќ, е инфициран со коронавирусот и ќе ги пропушти подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка, кое почнува на 13-ти јануари.

Триесет иседумгодишниот Никола Карабатиќ во моментов е во изолација во Стразбур, а тестиран бил во средата откако почувствивал сиптоми на болеста Covid-19, вклучително и силен замор. Коронавирус во француската селекција имаат и Беноа Кункуди Јанис Лен.

Ова се само дел од проблемите со коишто се соочува селектрото на „Триколорите“, Гијом Жул будејќи Тимоти Нгенсан и Жан-Жак Аквевијо нема да играат на првенството поради повреди, а од иста причина ќе изостане и еден од клучните играчи, десниот бег Недим ремили.

Во првата фаза од Европското првенство, Франција во унгарски Сегедин ќе игра против селекциите на Хрватска, Србија и Украина, а пласманот во следната фаза обезбедуваат двете првопласирани репрезентации од групата.