ФОТО| Тежок сообраќаен карамбол кај Порта Влае

Тешка сообраќајна несреќа во неделата вечерта се случи на булеварот „Партизански Одреди“ кај Порта Влае кон скопската општина Ѓорче Петрво.

Во несреќата се оштетени повеќе возила, урната е метална бандера со помал билборд. Неофицијално, во несреќата повредени се две лица.

Полициски и екипи на службата за Брза помош се на терен, каде што во тек е увидот. Засега нема повеќе детали од Минисерството за внатрешни работи за сообраќајната несреќа.