Водата за пиење во Скопје е квалитетна и безбедна

Водата за пиење во Скопје, одговара на Правилникот за барање за безбедност и квалите на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје, од каде додаваат дека од 20 до 24 декември извршиле контрола за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

– Од добиените анализи спроведени од Секторот за санитарна контрола, како што информираат од градски водовод земени се 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од Градски водовод.