Љупчо Николовски си поднесе оставка во СДСМ

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ поднесе во понеделникот писмена оставка од функцијата генерален секретар на партијатам, во која изразува посебна благодарност до Зоран Заев и на сите членови на партијата.

„Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. После 18 години СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците“, се наведува во писмената оставка.

Седница на Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи вечерва со  почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.

Како што информираат од прес-службата на СДСМ, седниците на Централниот одбор се работни. За заклучоците и одлуките на ЦО, ќе информираат по завршување на седницата за што медиумите ќе бидат дополнително информирани.

Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер. На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.