
Во најнеизвесниот натправар во синоќешната програма во НБА лигата, кошаркарите на Мемфис Гризлис на гостувањето ги совладаа Феникс Санс со 114:113, со кошот на Џа Морант во последната секунда.
Поголемиот дел од дуелот гостите беа во водство, во третата четвртина имаа предност и од 18 поени (89:71), но Спарс го надоместија заостанувањето и со „тројка“ на Девин Букер на 5 секунди до крајот минаа во водство од 113:112. Но Морант беше прецизен во последната секунда, за победата на Гризлис.
Морант дуелот го заврши со 33 коша, додека Дезмонд Бејн додаде 32 коша и 6 скокови. Кај домашните најефикасен бепе Букер со 30 коша, Камерон Џонсон додаде 19 а Крис Пол 13 коаш со 13 асистенции.
Кошаркарите на Јута Џез остварија гостинска победа од 110:104 кај Сан Антониот Спарс, што е нивна четврта последователна и 24-та сеознава.
Во финишот на дуелот се сличи и инцидент меѓу Кларксон и еден домашен навивач. Клакрсон, кој инаку е родум од Сан Антонио, прво ги игнорираше дофрлувањата од трибините, но потоа тргна кон гледачот, но неговите соиграчи го задржаа а се појави и обезбедувањето кое застана меѓу двајцата. На крајот обезбедувањето го испрати навивачот.
Џез, кои играа бес повредениот Донован Мичетл, до победаата ги предводепе Џордан Кларксон со 23 коша, 8 скокови и 5 асистенции, додека хрватскиот кошаркар Бона Богдановиќ додаде 19 коша, Џо Инглес 17 а Руди Гобер 16 коша со 13 скокови. Кај спарс најефикасни беа Дерик Вајт со 21 кош и 8 асистенции, и Даг Мекдермот со 17 коша,
Јута со соодносот на победи и порази 24-9 се на третото место во Западната конференција, а Сан Антонио имаа скор 14-19.
Водечката екипа во Источната конференција со сооднос 23-9, Бруклин Нетс на гостувањето ги порази Лос Анџелес Клиперс со 124:108.
Гостите до триумфот ги предводеше Џејмс Харден со 39 коша, 15 асистенци и 8 скокови. Ова беше негов втор меч по излегувањето од ковид-карантинот, а во првтиот против Лејкер постигна 36 коша. ПАто Милас и Ник Клакстон додадоа по 18 коша.
Кај Клиперс, за кои ова беше 17-от пораз со 17 победи, најефикасен беше Маркус Морис со 24 коша, 5 скокови и 6 асистенции. Ерик Бледшо и Кеон Џонсон додадоа по 15 поени. Клиперс и натаму игаат без најдобрите играчи Пол Џорџ и Каваи Леонард.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот Хорнетс – Хјустон Рокетс 123:99
Атланта Хокс – Чикаго Булс 118:130
Минесота Тимбервулвс – Бостон Селтикс 108:103
Сан Антонио Спарс – Јута Џез 104:110
Феникс Санс – Мемфис Гризлис 113:114
Портланд Трејл Блејзерс – Далас Маверикс 117:132
Лос Анџелес Клиперс – Бруклин Нетс 108:124
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Бруклин Нетс 23 9 71,9
Чикаго Булс 21 10 67,7
Милвоки Бакс 22 13 62,9
Мајами Хит 21 13 61,8
Кливленд Кавалирс 20 13 60,6
Филаделфија 76ерс 17 16 51,5
Вашингтон Визардс 17 16 51,5
Шарлот Хорнетс 18 17 51,4
Бостон Селтикс 16 18 47.1
Торонто Репторс 14 16 46,7
Њујорк Никс 15 18 45,5
Атланта Хокс 15 18 45,5
Индијана Пејсерс 14 20 41.2
Орландо Меџик 7 27 20.6
Детроит Пистонс 5 27 15.6
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Голден Стејт Вориорс 27 6 81,8
Феникс Санс 26 7 78,8
Јута Џез 24 9 72,7
Мемфис Гризлис 21 14 60.0
Денвер Нагетс 16 16 50.0
ЛА Клиперс 17 17 50.0
Далас Маверикс 16 17 48,5
Минесота Тимбервулфс 16 17 48,5
Лос Анџелес Лејкерс 16 18 47.1
Сан Антонио Спарс 14 19 42,4
Портланд Трејл Блејзерс 13 20 39.4
Сакраменто Кингс 13 21 38.2
Оклахома Сити Тандер 12 20 37,5
Њу Орлеанс Пеликанс 12 22 35.3
Хјустон Рокетс 10 24 29.4