
DODGE VIPER cabriolet кој на пазарот вреди 50.000 илјади евра сопругата на Драги Рашковски го добила на подарок.
Антикорупционерите бараат од ЈО за организиран криминал да отвори нов предмет и да го истражи случајот бидејќи се сомневаат дека автомобилот е награда за Рашковски за противзаконско постапување.
Гостиварска фирма која градела објекти што се сопственост на државата за десеткратно помала цена продала возило за 5.000 евра на владиниот советник Игор Христов, а тој потоа го подарил на сопругата на Рашковски. На оваа фирма Рашковски и овозможува одобрение за градба од владата за кое претходно неколку пати го одбивале надлежните министерства.
Во анкетниот лист тој навел дека автомобилот вреди 5.000 евра. Оваа сума ја пишувало и во договорот за продажба за што Антикорупциска добила потврда и од МВР дека се направени две промени за сопствеништво на автомобилот
Објектот што се споменува во овој случај во Гостивар, според Трпеноски, најверојатно е влезен и во стечајната маса на пропаѓањето на Евростандард банка и Здружението на оштетени штедачи реагирале за овој случај.