Тешко повреден мотоциклист во Скопје, излетал од коловозот

На 28.12.2021 во 17.10 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Владимир Назор“ мотоцикл „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.А.(41) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.