По Нова година ќе почне да се уредува новиот Луна парк

По Нова година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк.

Од Град Скопје соопштуваат дека ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени и ќе се вклопат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален.

Беше посочено дека за Луна паркот во моментов се изработува проектна документација, која треба да се достави до Градот Скопје во наредниве 2 месеца.

Наследените 7 реквизити треба да се постават согласно со потпишаните договори, зашто тие се задржани во проектното решение, а дополнително треба да се набават 20 нови реквизити.