
Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Валдимир Путин во четвртокот меѓусебно се предупредиле дека ескалацијата на тензиите околу Украина би можело да доведат до целпосно прекинување на односите меѓу двете земји, известија американски и руски функционери, но се чини дека и двајцата лидери се подготвени за натамошен дипломатски ангажман по вториот телефонски разговор овој месец..
„Американскиот претседател јасно даде до знање дека САД и нивните сојузници и партнери решително е одгодовара доколку Русија дополнително ја нападне Украина“, се наведува во писмената изјава на портапролата на Белата куќа Џен Псаки.
Разговорот меѓу Бајден и Путин беше сериозен и суштински, и самиот контакт бил соодветен во врска со претстојните дипломатски преговори на почетокот од јануари, изјавил висок претставник на американската администрација.
„Челниците признаа дека најверојатно ќе има области каде што ќе има значителен напредок, како и области каде што е не ќе биде можно да се постигне договор. (Тие , исто така, се согласија дека) Претстојните договори попрецизно ќе ги дефинираат контируте во овие категории. Во тоа се состои суштината на дипломатијата, за тоа постојат преговорите“, додал американски претставник.
Американскиот преседател, како што соопштија од Белата куќа, со рускиот челник разговарала за неопходноста од деескалација во У/краина и за акциите на САД во случај ситуацијата да се влоши. Бајден го повикал Путин да ги намали тензиите, порачуваји дека значаен напредок во претстојните разговори ќе биде можен само во атмосфера на деескалација.
Истовремени Бајден се заканила дека САД заедно со сојузниците партнерите ќе дадат „решителен одговор“ доколку дојде до руска инвазија на Украина. Во тој случај Вашингтон, според портпаролката на Белата куќа, ќе вложи напори да ги зајакне трупите на НАТО во Европа и на Киев да му достави дополнителна воена помош.