Откриена неочекувана врска меѓу Covid-19 и алкохолот

Група истражувачи од американскиот Универзитет Пенсилванија известија дека утврдиле неочекувана врска меѓу имунититетот и предизвикувачот на коронавирусната болест Covid-19 и жестокиот алкохол, се наведува во тексtот објавен на ресурсот за предобјави medRxiv.org за студијата која сѐ уште не минала стручна рецензија.

Научниците ги разгледувале факторите, коишто според нивните мислења, може да влијаат врз зачестеноста на инфекцијата со SARS-CoV-2 кај повозрасните лица. Меѓу тие фактори биле менталните проблеми во минатото или сега, присуствата на соматски заболувања, како и користењето алкохол и наркотици. Во истражувањето учествувачле 90 волонтери на возраст од 55 до 103 години.

„Испитаниците кои биле изложени на Covid-19, но имале негативен тест, какао по правило имале тенеденција да консумираат повеќе алкохол од пациентите со потврдена зараза со коронавирусот, во просек по еден пијалак дневно. Консумирањето пиво и вино не било статистички значајно“, пишуваат авторите на студијата.

Притоа, додаваат научниците, постоењето на нарушувања во минатато  поврзани со консумирање на алкохол не го зголемува ризикот од заразување со Covid-19.